24фудбал

Атлетико Мадрид го возвраќа ударот од Барселона, му нуди богатство на Гризман за да остане

Тимот на Симеоне ќе оди докрај во намерата да го задржи Французинот.

Шпанија

Барселона и Атлетико Мадрид влегоа во војна за Антоан Гризман, Јорганџиите, револтирани од тоа што Каталонците го сторија во изминатиов период за потписот на францускиот репрезентативец, ставија јасно дознаење дека ќе биде ѓаволски тешко тој да заврши на Камп Ноу.

Иако важечкиот актуелен договор на Гризман истекува во 2022. година, Атлетико Мадрид веќе подготвил нова понуда за својот најдобар фудбалер во висина од цели 20 милиони евра годишна плата, за да го задржи во своите редови на подолг период по големиот интерес од Барселона.

Ќе додадеме дека Атлетико Мадрид веќе ја пријави Барселона во ФИФА откако Каталонците го контактирале Французинот без нивна дозвола.