24фудбал

Реакцијата на Марсело кога му кажаа дека Гризман е блиску до потпис со Барса (ВИДЕО)

Марсело е во добро расположение и покрај тоа што сезоната на Реал во Шпанија не се одвиваше според планот, Бразилецот реши да си тера мајтап со новинарите кои го прашаа што мисли за најавениот трансфер на Антоан Гризман во Барселона

Шпанија

Подолго време се најавува дека Французинот ќе се пресели на Камп Ноу по крајот на сезоната, Барса е подготвена да ја плати откупната клаузула на Антоан Гризман вредна 100 милиони евра и да формира уште пострашна офанзива.

На оваа тема беше запрашан Марсело, а левиот бек на Реал Мадрид како одговор реши да си тера мајтап со новинарот. Бразилецот најпрво глумеше дека е исплашен од тоа каков состав ќе има Барса, а потоа со насмевка на лицето рече: „Зошто да се плашам? За ова се зборува со месеци“.