24фудбал

Венгер откри за кој пропаднат трансфер жали најмногу: Ќе ја променеше историјата на Арсенал...

Арсен Венгер одговараше на прашања од фановите и откри за кој пропаднат трансфер жали најмногу, Французинот го посочи името на Кристијано Роналдо и вели дека ЦР7 ќе ја променел историјата на Арсенал

Англија

По 22 години на кормилото на клубот од Северен Лондон, Арсен Венгер си заминува. Тоа што „Топчиите“ долго време немаат титула, а веќе и две сезони се без настап во Лигата на шампионите ја принуди управата пред време да ја прекине соработката со Французинот по се поголемиот притисок од фановите.

Покрај неуспехот на теренот, навивачите најмногу му замеруваат на Арсен Венгер поради тоа што следи многу играчи а купува малку. Пред да си замине, стратегот сега уште еднаш им отвори стари рани. Французинот жали што не го купил Кристијано Роналдо и вели дека ЦР7 ќе ја променел историјата на Арсенал.

„За малку ќе потпишев во Роналдо и мислам дека оваа зделка ќе ја променеше историјата на Арсенал. Бев многу, многу, многу блиску до Роналдо – одговори Венгер на прашањето за кој пропаднат трансфер жали најмногу.

И самиот Роналдо има потврдено дека сантиметри го делеле од преселба во Арсенал, но на крајот завршил во Манчестер јунајтед (за 12,2 милиони фунти во 2003).

Поругалецот стана еден од најдобрите играчи во светот под водство на Сер Алекс Фергусон и освои осум големи трофеи во шест години поминати на Олд Трафорд. Но не е само ЦР7, Арсен Венгер жали и за Лео Меси.

„Исто така би го споменал и Меси, бидејќи бевме заинитересирани за него. Кога го донесовме Фабрегас, им понудивме на Меси и Пике да ни се придружат, но без успех.