24фудбал

Португалија го објави поширокиот список, за „Златното момче“ нема место ниту помеѓу 35-те играчи

Селекторот на Португалија, Фернандо Сантош ги соопшти имињата на 35-те фудбалери кои се најдоа на поширокиот список за СП 2018, Кристијано Роналдо го предводи тимот а нема место за Ренато Санчез

СП 2018

Слично како и поголемиот дел од репрезентациите, Фернандо Сантош и Португалија објавија поширок список на кој има дури 35 имиња. Сосема очекувано, Кристијано Роналдо го предводи тимот, но првиот рез не го преживеа Ренато Санчез, кој пред неколку години беше прогласен за „Златно момче“ на Европа а се закити и со наградата најдобар млад фудбалер на ЕВРО 2016.

Фудбалерот од средниот ред откако не се снајде во Баерн беше испратен на позајмица во Свонси, но имаше сезона за заборав во Премиерлигата.

Поширокиот список на Португалија:

Голмани: Антони Лопес, Бето, Патрисио

Одбрана: Антунес, Бруно Алвеш, Соареш, Кансело, Фонте, Нето, Марио Руи, Семедо, Пепе, Гереиро, Переира, Роландо, Рубен Диас

Среден ред: Адриен Силва, Гомеш, Бруно Фернандеш, Жоао Марио, Мутињо, Мануел Фернандеш, Невес, Оливеира, Вилијам Карваљо

Напад: Андре Силва, Бернардо Силва, Роналдо, Едер, Мартинс, Гуедеш, Нани, Паулињо, Кварезма, Рони Лопес