24фудбал

Милевски заминува, Македонија У21 ќе добие нов селектор

Селекторот на македонската репрезентација до 21 година, Благоја Милевски најави заминување од функцијата, ќе се посвети на клупскиот фудбал.

Македонија

Милевски од лето го презема изралескиот клуб Ашдод каде што беше и фудбалер во играчките денови. Неговата работа со младинската репрезентација завршува на први јуни.

„Контактот со Ашдод е од поодамна. Во животот си поставувате приоритети. Прв пат ме повикаа пред дуелот со Шкотска, ги одбив. Втор пат пред Европското првенство, и тогаш ги одбив. Но, сега чувствувам дека го достигнав максимумот на оваа функција и ми треба нов предизвик, па овој пат прифатив“, вели Милевски.

„Нема друга причина за моето заминување. Им благодарам на ФФМ за укажаната можност и за создадените професионални услови за работа. Само со такви услови успесите нема да изостанат. Со оваа селекција го направивме максимумот, не може повеќе од ова. Посакувам Македонија редовно да учествува на големите турнири, не само У21 туку сите селекции“.

Боби Милевски го донесе најголемиот успех на македонскиот репрезентативен фудбал откако со селекцијата до 21 година се пласира на Европско првенство во Полска.

Тој денеска го објави спсиокот за двата пријателски натпревари со Азербејџан кои ги играме на 24 и 27 мај. 

Голмани:

Ристе Јанков (Работнички)

Томас Божиновски (Пакош Фереира)

Христијан Стевковски (Скопје)

Одбрана: 

Агрон Руфати (Локомотива Загреб)

Некар Садики (Работнички)

Филип Трајановски (Гаис)

Оливер Стојменовски (Борец)

Тодор Тодоровски (Бардар)

Михаеил Маневски (Брегалница)

Ване Јованов (Брегалница)

Филип Антовски (Вардар)

Среден ред

Давор Дравковски (АЕЛ)

Даниел Миловановиќ (Академија Пандев)

Јани Атанасов (Академија Пандев)

Миле Тодоров (Нови Град)

Кристијан Трајчески (Гафанха)

Омар Имери (Шкупи)

Напад

Милан Ристовски (Ријека)

Кристијан Трпановски (Татран Прешов)

Марко Ферукоски (Офенбах)

Дарко Чурлинов (Келн)

Стефан Богдановски (Спартак Трнава)