24фудбал

Рома го потврди интересот за Балотели

Шефот на стручниот штаб на Римската волчица со пофалби за квалитетите кои ги поседува италијанскиот напаѓач.

Италија

Балотели дефинитивно си заминува од францускиот прволигаш Ница чиј договор истекува ова лето, а повеќе клубови се споменуваат како идна дестинација за италијанскиот напаѓач кој се поизвесно е дека ќе се врати во Серија А.

Интересот го потврди Рома, и тоа преку шефот на стручниот штаб на таа екипа, Еусебио Ди Франческо.

Тој е фудбалер кого јас сакав да го ангажирам во периодот кога го предводев Сасуоло. Би сакал да се сретнам со него за да донесеме одредена одлука. Балотели има големи квалитети како фудбалер кои нам ќе ни користат многу“ истакна Ди Франческо.