24фудбал

Чеде Јаневски ќе биде тренер на ЦСКА Софија

Според бугарските медиуми, Чеде Јаневски наскоро ќе биде промовиран за нов тренер на славниот клуб ЦСКА Софија.

Македонија

Весникот „Мередијан меч“ пишува дека во петок Јаневски ќе ги има завршните преговори со ЦСКА Софија и тогаш ќе се знае дали ќе го превземе тимот.

Јаневски би бил трет македонски тренер на ЦСКА Софија, претходно на клупата на бугарскиот клуб седеа Ѓоко Хаџиевски и Ѓоре Јовановски.

Македонскиот тренер во бугарија се сели по кратката авантура во Вардар која не траеше ниту една сезона, но ќе остане запаметен по тоа што е првиот стратег на „црвено-црните“ кој го водеше нашиот тим во групна фаза од едно големо европско натпреварување.