24фудбал

Интер ќе има 12.000 фанови во Рим

Италијанските медиуми очекуваат Интер да има околу 12.000 фанови на стадионот Олимпико на неделното гостување кај Лацио.

Италија

Лацио и Интер во недела играат голем натпревар за пласман во Лигата на шампионите. На домаќините им е доволно и реми, но нероазурите мора да победат на Олимпико за да дојдат до четвртото место.

Според „Газета дело Спорт“, Интер ќе има дури 12.000 фанови во Рим. Од нив околу 7.000 ќе бидат од Милано, а останатите 5.000 од други градови на Италија, но и од фан клубовите надвор од земјата.

Не се очекуваат проблеми низ улиците на Рим бидејќи навивачите на Лацио и Интер долго време се во пријателски односи.