24фудбал

Вест Хем го „шутна“ Мојс и најави пристигнување на менаџер од висок калибар

Дејвид Мојс е вториот тренер кој денеска доби лоши вести, Вест Хем реши да не је продолжи соработката со Шкотот и најави пристигнување на менаџер од висок калибар

Англија

Дејвид Мојс ја искуси судбината која утрво го снајде Сем Алардајс, но за разлика од Биг Сем, Шкотот нема да добие обесштетување.

55 годишниот стратег во ноември го превзеде кормилото на Вест Хем но само на договор до крајот на сезонаа. Доби и опција соработката да биде продолжена за плус две години, но „Чеканите“ решија да тргнат по друг пат.

Првите луѓа на клубот, Дејвид Саливан и Дејвид Голд утрово се сретнале со Дејвид Мојс, и иако неодамна најавија дека стратегот заслужил нов две годишен договор откако обезбеди опастанок, денеска го известиле дека се разелуваат.

Тие исто така соопштија дека во следните 10 дена ќе пристигне менаџер од висок калибар, а медиумите шпекулираат со имињата на Пауло Фонсека од Шахтар, Рафаел Бенитез од Њукасл, Шон Дајч од Барнли, Давид Вагнер од Хадерсфилд и поранешниот предводник на Ватфорд, Марко Силва.