24фудбал

Зидан навива за Олимпик Марсеј: Израснав со тој клуб

Францускиот стратег му посака среќа на клубот за кого навива од своето детство.

Лига Европа

Вечерва со почеток од 20 часот и 45 минути се игра големото финале од второто по ранг европско клупско натпреварување сезонава, Лига  Европа, каде силите ќе ги одмерат Олимпик Марсеј и Атлетико Мадрид.

Зинедин Зидан, шефот на стручниот штаб на финалистот и бранител на титулата во Лигата на шампионите, Реал Мадрид, изрази надеж дека неговиот омилен клуб за кого навива од своето детство ќе има голем успех вечерва.

Ова е неверојатно за Марсеј, за клубот, секако и за фудбалерите, но, пред сеголем успех за градот. Марсеј е фудбалски град и мора да ги искуси овие емоции, како во минатото. Тие се голем клуб и ќе играат во големото финале. Се надевам дека ќе одиграат добар меч, бидејќи, јас сум голем навивач на Олимпик Марсеј“ рече Французинот.

Одев на натпреварите на тој клуб додека бев млад, израснав со тој клуб, им посакувам среќа во финалето“ додаде тој.