24фудбал

Роналдо ќе биде подготвен за пресметката со Ливерпул?

Позитивни вести околу рехабилитацијата на Португалецот.

Лига на Шампиони

Првата ѕвезда на бранителот на европскиот трофеј Реал Мадрид, Кристиано Роналдо, како што стојат работите би требало да биде подготвен за финалната пресметка против Ливерпул во Лигата на шампионите.

Португалецот објави фотографија на социјалните мрежи на која сугерираше дека сее во ред со него, од друга страна, тимот од Мадрид на социјалните мрежи информираше дека на тренингот во пресрет на последниот дуел сезонава во Примера против Виљареал се вратија Роналдо и Карвахал, па очигледно е дека Португалецот ќе биде фит за финалето.

Роналдо се здоби со повреда на мечот против Барселона во шпанскиот шампионат кој заврши со реми со резултат 2-2, беше заменет на паузата од средбата, а ги пропушти двата меча потоа против Севиља, односно Селта.

Големото финале од Лигата на шампионите сезонава се игра на 26 мај во Киев.