24фудбал

ПМФЛ: Ќе следиме голема битка во последното коло, три екипи и натаму во битка за Европа, исто толку и за бараж за опстанок

Со денешните натпревари се комплетираше редовното 35 коло, претпоследно за оваа сезона во Првата македонска фудбалска лига.

Македонија

Работнички одигра реми без голови на гостувањето кај Силекс во Кратово, а овој резултат очигледно е дека најмногу му одговараше на гостинскиот табор, барем така можевме да проследиме од играта, каде домаќинот имаше максимални напори да ја затресе мрежата од голот на противникот, но во тоа не успеа.

Шкупи славеше кај Пелистер минимално со 0-1, и со тоа остана опција за излез во Европа за следната сезона откако дојде на само еден бод од Работнички кој го задржа третото место, а Силекс падна на четвртото место со два бода зад Романтичарите.

Во последното коло ќе има и интересна битка во долниот дел од табелата, поточно, за 8 место кое води во бараж фазата за опстанок во Првата лига каде битка ќе водат три екипи, меѓу кои Скопје, Победа и Пелистер.

Последното овосезонско коло во нашиот најсилен фудбалски шампионат е предвидено да се одигра претстојниов викенд.


Резултати:

Силекс – Работнички 0:0

Вардар – Академија Пандев 3:2

Ренова – Шкендија 0:3

Ппелистер – Шкупи 0:2

Скопје – Победа 1:0


Табела: Шкендија 88, Вардар, 56, Работнички 49, Шкупи 48, Силекс 47, Академија Пандев 43, Ренова 41, Скопје 35, Победа 35 и Пелистер 34.


Во последното коло се среќаваат:

Победа – Ренова

Шкупи – Вардар

Академија Пандев – Силекс

Работнички – Скопје

Шкендија – Пелистер


Фото-вест: tv.ffm.mk