24фудбал

Почетни состави за дуелот Олимпик Марсеј – Атлетико Мадрид

Во Лион се спушта завесата од овосезонската Лига Европа.

Лига Европа

Вечерва во Лион, Франција, се игра големото финале во второто по ранг европско клупско натпреварување, Лига Европа, каде во битката за трофејот ќе се борат Олимпик Марсеј и Атлетико Мадрид.

Веќе се познати и почетните состави на двете екипи, па според тоа што можеме да го забележиме, нема некои изненадувања, а малку понапаѓачка делува формациската поставеност на Шпанците кои ќе играат со 4-4-2, додека пак Французите ќе играат со еден класичен напаѓач, или поточно 4-4-1-1.


Олимпик Марсеј: Манданда, Окампос, Сансон, Паје, Сар, Амави, Луиз Густаво, Рами, Товин, Герман и Ангуиса.

Атлетико Мадрид: Облак, Годин, Коке, Гризман, Њигез, Кореа, Габи, Врсаљко, Коста, Лукас и Хименез.

Руди Гарсија, шефот на стручниот штаб на францускиот тим истакна дека се е можно на еден натпревар кој одлучува за титула, од спротивниот табор, Диего Симеоне најави возбудлив меч, а тој инаку поради суспензија мечот ќе го проследи од трибините, шпанскиот тим ќе биде предводен од неговиот асистент Герман Бургос.

Обете екипи имаат само два меѓусебни натпревари, во кои една завршила со победа на Атлетико Мадрид, а другата без голови.

Како за потсетување, во полуфиналето Атлетико го елиминираше Арсенал, додека пак Олимпик Марсеј беше подобар од Салцбург.

Мечот ќе го суди холандскиот арбитар Бјорн Кујперс.