24фудбал

Лукарели со солзи во очите: Си го одржав ветувањето, ја вратив Парма во Серија А!

Алесандро Лукарели со многу емоции го прослави влезот на Парма во Серија А, капитенот е пример за лојален фудбалер, со клубот беше и во најлошите моменти.

Италија

Парма банкротираше во 2015 година и вчера стана првиот италијански клуб кој три години по ред напредувал во лигите, од Серија Д до Серија А.

Лукарели беше капитен на Парма кога тие испаднаа од Серија А и во изминатите години ја носеше капитенската лента на својот тим, не сакаше да го напушти кога му е најтешко, па успехот за него има посебно значење.

„Дадов ветување. Реков дека е ја вратам Парма повторно во Серија А. Го одржав ветувањето“, Лукарели зборуваше низ солзи за Скај Спортс Италија.

„Не може ова да е вистина, невозможно е. Никој не можеше да си замисли ваква завршница, ниту во моите најлуди соништа. При крајот наеднаш слушнав радување на трибината кај што се нашите навивачи, не знаев што се случува“.

„Ова патување го почнавме пред три години пред овие неверојатни фанови. Имавме тешки моменти, но секогаш стоевме на нозете. Тие никогаш не се откажаа и горд сум што сум нивни капитен“.

„Сега може да се пензионирам. Не знам, ќе видиме. Во моментов сакам само да славам“.

Минатата година Лукарели рече дека ќе се пензионира, но откако од третата лига се пласираа во Серија Б одлучи да остане уште една година. Во јули полни 41 година и веројатно сега ќе биде моментот кога ќе ги обеси копачките.

Синоќа во Серија Б се случуваше вистинска драма. Парма ја победи Специја, но за да оди во Серија Б требаше Фросиноне да не ја совлада Фоџа. Фросиноне водеше со 2-1, Фоџа даде гол за 2-2 во 89. минута и донесе огромна радост на Парма.