24фудбал

Џабе е и ВАР кога судијата е „слеп“, што гледаше Цвајер на вчерашниот дуел помеѓу Баерн и Ајнтрахт? (ВИДЕО)

Контроверзната одлука на судијата Феликс Цвајер да не покаже на белата точка и утрово е топ тема низ медиумите од Германија, никој се уште не може да разбере зошто не беше покажан пенал за Баерн

Германија

Ајнтрахт Франкфурт по 30 години се радува на трофејот од Купот на Германија откако во драматичен финиш славеше со 1-3 над Баерн Минхен. Но натпреварот помина во знакот на големиот превид на судијата Феликс Цвајер.

Во 93. минута од мечот Боатенг наместо да ја избие топката го удри во нога Мартинез. Судијата не досуди ништо, а во случај од целата гужва да не го забележал најдобро инцидентот, со помош на ВАР имаше прлика на повторена снимка убаво да го види спорниот момент.

Но очигледно џабе е и помош од видео технологија кога судијата е „слеп“ бидејќи за цел свет беше пенал а само за Феликс Цвајер не беше.

Сите од таборот на Ајнтрахт Франкфурт признаа дека требало да има пенал за Баерн, а истото го констатираше и самиот Боатенг: „Мислам дека беше прилично јасно, судијата требаше да покаже на белата точка. Но имавме среќа!“.

За иронијата да биде поголема, Феликс Цвајер е избран како судијата од Германија кој ќе биде видео асистент на Светското првенство во Русија, од кабината ќе ги прегледува спорните моменти и на судиите ќе им сугерира дали треба да го употребат ВАР. Па доколку ФИФА не реагира навреме може да се очекуваат нови вакви комични ситуациии и тоа на најголемата сцена.