24фудбал

Наместо на клупата на Арсенал, ќе го преземе кормилото во Ница

Од Франција пренесуваат дека поранешниот фудбалер на Арсенал е опција за Ница.

Франција

Патрик Виеира, поранешниот фудбалер на Арсенал подолг период се споменуваше како опција да го наследи Арсен Венгер на клупата на Топчиите, но, според сознанијата на „РМЦ“, тој ќе седне на клупата на Ница.

Се поизвесно е дека Венгер во Арсенал ќе биде заменет со Микел Артета кој моментално ја обавува функцијата асистент на Гвардиола на клупата на Манчестер Сити, инаку, исто, станува збор за поранешен фудбалер на Топчиите.

Виеира од пред две сезони го презеде кормилото на американската екипа Њујорк Сити, но очигледно е дека ќе се обиде да го повтори ланскиот успех на Ница која сезонава во Лига 1 заврши на осмото место, за разлика од ланската сезона каде беше едно од најпријатните изненадувања во најсилниот фудбалски шампионат на Франција, а извесно е дека швајцарскиот стратег Лисиен Фавр ќе биде жртвата по овосезонскиот неуспех.