24фудбал

Ако имате вишок ЕДЕН МИЛИОН денари, можете да си купите билети за финалето од Лигата на шампионите (ФОТО)

Цените на билетите за финалето од Лигата на шампионите на црниот пазар рипнаа до плафон, се продаваат 20 пати поскапо од оргиналната вредност а оние за ВИП ложата чинат и ЕДЕН МИЛИОН денари

Лига на Шампиони

Реал Мадрид и Ливерпул добија по 16.626 билети за финалето во Киев, и додека „Црвените“ го распродадоа совјот дел, Реал Мадрид има вишок карти откако фановите вратиле преку 2.000 билети до кои претходно стигнале преку лотаријата која беше организирана.

Како причина за ваквиот потег на навивачите на „Кралевите“ е логистиката, односно немање начин како да се стигне до Киев или прескапите патни трошоци. Имено, нема простор за нов летови до престолнината на Украина, а оние кои се веќе закажани чинат четири или пет пати поскапо од нормалната цена. Патот не е единствениот проблем, тука се и изгор скапите цени за ноќевање во Киев, кои драстично скокнаа за финалето од Лигата на шампионите.

Логистиката исто така е проблем и за навивачите на Ливерпул, но очигледно тие не сакаат да го пропуштат големиот спектакл. Сето ова придонесува цените на билетите за финалето од Лигата на шампионите на црниот пазар да рипнат до плафон, се продаваат 20 пати поскапо од оргиналната вредност а за оние со најдлабок џеб чинат и преку 20.000 фунти.

Како што пренесуваат медиумите од Англија, во понеделникот најефтиниот билет за делот каде што ќе бидат сместени навивачите на Реал Мадрид изнесувал 410 фунти (околу 467 евра), додека пак за делот каде ќе бидат навивачите на Ливерпул најефтиниот билет чинел 1.337 фунти (1.524 евра). Ова се билети од категоријата четири, кои „Црвените“ им ги продаваа на своите фанови за 61 фунта (70 евра).

Билети од категорија 2, чија првична цена изнесувала 280 фунти (320 евра), вчера се продавала за неверојатни 14.723 фунти (16.790 евра),  а за оние со најдлабок џеб, ВИП билетите достигнувале и цена до 20.000 фунти (22.800 евра).


На вебсајтот Тикетбис и денес се препродаваат голем број на билети, кои иако се скапи одат како алва. Додека ја прелистувавме понудата, десетина билети беа продадени за неколку минути. Во моментов најефтините билети чинат преку 500 евра, додека најскапите кои се понудени на оглас вредат 28.000 евра.

Доколку имате вишок ЕДЕН МИЛИОН денари и вие можете да бидете дел од спектаклот во Киев од најубавиот дел на стадионот, ВИП билетите се продаваат за над 16.000 евра.