24фудбал

Дешифрирана е пораката која Годин им ја пренесе на фановите за Гризман: Престанете со свирежите кон него, тој... (ВИДЕО)

Соиграчот на Гризман имаше порака до фановите на Атлетико Мадрид кои упатија свирежи при неговото влегување во игра.

Шпанија

Антоан Гризман на последниот меч од овосезонската Примера во игра влезе во 59. минута, а Атлетико Мадрид на крајот се задоволи со реми од 2-2 против Еибар.

Доста вознемирувачки момент имаше првата ѕвезда на Јорганџиите при влегувањето во игра откако доби свирежи од трибините, па тоа го расплака за момент, а неговиот соиграч Диего Годин се упати кон фановите по што им пренесе една порака, многумина мислеа дека тој ги замолил наместо со свирежи, да го поздрават Французинот со аплаузи.

Сепак, пораката која Годин им ја упатил била: Престанете со свирежите кон него, тој ќе остане во клубот, ок?“.

Тоа што е интересно, неколку часа пред натпреварот, дел од шпанските медиуми шпекулираа дека Гризман им порачал на челниците на Атлетико Мадрид дека ќе остане во тимот, и покрај огромниот интерес од Барселона која сеповеќе и повеќе притиска за неговиот потпис.

Дали свирежите на фановите на Атлетико Мадрид ја промениле одлуката на Французинот, останува да видиме во периодот кој претстои.