24фудбал

Велковски „позираше“ во дресот на Ријека: Ристовски ми пренесе само позитивни импресии за овој клуб

Македонскиот репрезентативец се пресели во хрватскиот шампионат.

Македонија

22 годишниот македонски репрезентативец Дарко Велковски и официјално е нов фудбалер на хрватскиот прволигаш и лански првак во тамошниот шампион, Ријека, откако стави потпис на тригодишна соработка со таа екипа, со можност истата да се продолжи на дополнителни две години.

Сешто ми рече Стефан Ристовски за овој клуб беа само позитивни и пофални зборови, истото се однесува и за навивачите. Го познавам и Леонард Жута, тој играше за репрезентацијата на Македонија, како и Милан Ристовски. Се надевам дека ќе ги оправдам очекувањата и ќе освојувам трофеи со Ријека“ рече Велковски на промоцијата откако објасни дека голем удел во неговата одлука имал и Стефан Ристовски, кој од Ријека премина во редовите на Спортинг Лисабон минатото лето.

Велковски во Ријека пристигна од редовите на Вардар, а претходно играше и за Работнички, со двете екипи го подигна трофејот во најсилниот македонски фудбалски шампионат.