24фудбал

Венгер ја објасни причината за неговото повлекување од Арсенал

По цели 22 години францускиот стратег се повлекува од клупата на Топчиите.

Англија

Неколку тренерски имиња се споменуваат како идни наследници на Арсен Венгер на клупата на Арсенал, а веста дека тој ќе се повлече пред извесен период наиде на големо изненадување кај фудбалските фанови.

Венгер тврди дека нетрпеливоста која настанала откако фановите се навикнале на големи успеси претходно, била главната причина за неговото повлекување.

Тимот имаше одличен тимски дух, беше задоволство и голема чест за мене да го предводам истиот, јас сум убеден дека ќе се борат за драгоцениот трофеј во Премиерлигата. Кога сте на едно место толку многу години, почнува да има нетрпеливост, се навикнавме на големи успеси и веќе ништо не беше доволно за нив од тоа што беше сработено од моја страна. Нетрпеливоста, тоа ќе го издвојам како пресудна причина во мојата одлука, сметам дека дури и титулата во Лига Европа да ја освоевме расположението кај фановите нема да се промешене“ смета тој.