24фудбал

Шкендија сака натпреварите од квалификациите за Лигата на шампионите да ги игра во Тетово

Желба има, а има и максимални напори за да се оствари оваа голема амбиција на шампионот, велат од клубот.

Македонија

Тетовските црвено-црни доминантно ја минаа изминатата сезона во најсилниот фудбалски шампионат во нашата земја освојувајќи го првото место а воедно и титулата со 29 победи, четири ремија и само три порази, оставајќи го својот најголем конкурент Вардар со цели 35 бода зад себе.

Претседателот на овосезонскиот првак на Македонија, Висар Беџети истакна дека тетовскиот прволигаш сака натпреварите од квалификациите за Лигата на шампионите да ги одигра во Тетово, а за тоа клубот вложува максимални напори.

Вложуваме максимални напори за нашиот стадион да ги задоволи критериумите кои ги бара УЕФА, а со тоа европските натпревари на домашен терен да ги играме пред своја публика. Се надеваме дека активностите ќе ги завршиме навремено па уште ова лето квалификациите за Лигата на шампионите да ги играме во Тетово“ изјави Беџети.

Шкендија утре во Струмица го игра и финалето против Пелистер во Купот, постои можност тетовските црвено-црни со двојна круна да ја запечатат оваа фантастична сезона зад нив.

 

Фото-вест: KF Shkendija (Facebook)