24фудбал

Провокација пред финалето: Нема играч на Ливерпул кој може да биде стартер во Реал Мадрид

Од поранешниот шпански селектор, Висенте Дел Боски стигнува провокација за Ливерпул пред финалето од Лигата на шампионите против Реал Мадрид.

Лига на Шампиони

На крилјата на одличниот Мохамед Салах, Ливерпул се избори за финале од Лигата на шампионите и избраниците на Јирген Клоп во сабота ќе се обидат да го симнат Реал Мадрид од тронот.

Египјанецот се споменува како можно засилување за „Кралевите“, но Висенте Дел Боске вели дека Мо Салах не е доволно добар за да биде стартер на Бернабеу.

„Реал Мадрид има одличен состав, најдобриот во Европа во овој момент“ – вели поранешниот селектор на Шпанија, кој исто така седеше и на кормилото на Реал.

„Треба ова да го потврдат во сабота, очекувам победа од 4-1. Не гледам ниту еден фудбалер на Ливерпул кој може да го направи Реал Мадрид подобар, дури ниту Салах“.

„Бејл, Бензема, Роналдо, Асенсио и Лукас Вазкез се или подобри или на нивото на Салах“.