24фудбал

Роналдо: Овој Ливерпул ме потсетува на стариот Реал

Португалецот искажа почит за Ливерпул, но додаде дека Реал Мадрид е подобар.

Лига на Шампиони

Реал Мадрид го има Ливерпул како последна пречка за освојување на европската титула сезонава, англискиот тим покажа голем квалитет во својата игра под водство на германскиот стратег Јирген Клоп, а очигледно е дека таа екипа има големи симпатии кај Кристиано Роналдо, но, тој вели дека Реал Мадрид е подобар.

Овој Ливерпул ме потсетува на стариот Реал од пред неколку години, со тројца брзи фудбалери во офанзивната игра. Тие се во финале, а таму се со причина“ издвои Роналдо.

Имам голема почит за нив, но мислам дека ние сме подобри. Мораме да бидеме свесни за историјата која можеме да ја испишеме“ додаде Португалецот.

Големото финале од овосезонската Лига на шампиони се игра во сабота во Киев, а делител на правдата ќе биде српскиот арбитар Милорад Мажиќ.