24фудбал

Милан може да остане без Лига Европа!

УЕФА го одби планот на италијанскиот тим за рефинансирање на долговите во согласност со финансискиот фер-плеј.

Италија

Според информациите кои пристигнуваат, Милан би можел да остане и без настап во второто по ранг европско клупско натпреварување Лига Европа, откако УЕФА го одби и вториот обид на тимот од Милано за претставување на планот на рефинансирање на долговите во согласност со финансискиот фер-плеј.

Сепак, тоа што Милан може да остане без настап во Европа идната сезона не би можела да биде единствена санкција кон таа екипа, постои опција и на тимот од Милано да му биде изречена парична казна, дури и во новата сезона да мора да влезе со лимитиран број на фудбалери во тимот, а воедно и да добие забрана за купување на фудбалери во летниот преоден рок.