24фудбал

Анчелоти ќе биде нов тренер на Наполи!

Информациите од Италија велат дека Карло Анчелоти уште денеска би можел да потпише за Наполи откако и двете страни ги повикале своите адвокати по позитивно завршените разговори.

Италија

Претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис и Карло Анчелоти вечерва имале преговори кои според италијанските медиуми завршиле успешно.

Информациите велат дека тие уште вечерва ги повикале своите адвокати да потпишат договор.

Тоа значи дека Карло Анчелоти се враќа во Италија, а Наполи ќе има сериозен тренер со кој ќе се обиде конечно да го освои Скудетото.

Маурицио Сари и дефинитивно нема да ја продолжи соработката, за него се интересираат Челси и Зенит, но тој би можел да земе една година одмор.

Договорот меѓу Анчелоти и Наполи би почнал од први јуни бидејќи Италијанецот има активен договор со Баерн Минхен до 31. мај иако одамна не е тренер на германскиот тим.

Се верува дека Анчелоти со Наполи постигнал договор на две години со можност за продолжување и на трета.