24фудбал

Касиљас и Нојер направија „уникатна“ посвета на Буфон! (ФОТО)

Икер Касиљас и Мануел Нојер имаа посебна посвета за Џиџи Буфон кој по долги години го напушти Јувентус.

Италија

Џиџи Буфон, Икер Касиљас и Мануел Нојер долго време важеа за најдобрите тројца голмани во светот.

Џиџи го напушти Јувентус по долги години и емоциите беа големи, и кај него и кај фановите на италијанскиот шампион.

Касиљас и Нојер се приклучија на кампањата #UN1CO (уникатен) и позираа со дресови на својот колега, Џиџи Буфон.