24фудбал

Емери ги импресионирал челниците на Арсенал на преговорите, имал подготвено анализа за секој фудбалер поединечно

Извршниот директор на Арсенал открива детали од тоа како паднала одлуката за шпанскиот стратег.

Англија

Очигледно Унаи Емери подолг период потајно се надевал дека ќе седне на клупата на Арсенал, особено од фактот што прашање на време беше кога Венгер ќе стави крај на долгогодишната соработка со тимот од Лондон.

Иван Газидис, извршниот директор на Арсенал откри како Емери го импресионирал раководството на клубот при разговорите.

Сакавме да направиме прогрес во клубот, а тоа секако доаѓа од таа исклучително важна позиција. Сакавме одговорна личност со репутација, личност која може да донесе напредок кај фудбалерите. Според критериумите кои ги имавме поставеност, сметаме дека тој беше најдобар избор, ќе издвојам дека беше неверојатно подготвен во клучните разговори, имаше цела анализа со документи за секој фудбалер поединечно од првиот состав за тоа како да напредува, беше импресивен“ рече Газидис.