24фудбал

Фудбалер на ПСЖ го одби повикот од Дешам за Светското првенство

Причината за таквата негова одлука е едноставна, не сака да биде во таков статус каков што му беше доделен.

СП 2018

Адриен Рабио беше вметнат како потенцијална замена во списокот на селекцијата на Франција составен од 23 фудбалери за Светското првенство кое идниот месец се одржува во Русија.

Сепак, фудбалерот на ПСЖ го одби повикот од селекторот Дидје Дешам за да се најде во списокот на 11 фудбалери кои ќе бидат потенцијални замени во случај на повреда на првите опции во тимот.

Дешам претходно својата одлука да го изостави Рабио од првобитниот состав беше дека тој нема потребно ниво на игра за да настапува за Триколорите.

23 годишниот фудбалер од средниот ред има само шест настапи за сениорскиот состав на Франција, претходно ги помина сите помлади категории за таа селекција.