24фудбал

Официјално: Иниеста потпиша за Кобе

Легендата на Барселона, Андрес Иниеста кариерата ја продолжува во јапонската Џеј лига, стави потпис на договор со Висел Кобе.

Шпанија

Јапонскиот тим, Висел Кобе го претстави Андрес Иниеста како ново, големо засилување.

34-годишниот фудбалер потпиша двегодишен договор со Кобе.

Иниеста ќе има уште една презентација која ќе се случи во сабота на стадионот „Мисаки Парк“ пред навивачите, а потоа ќе се приклучи на шпанската репрезентација на подготовките за Светското првенство во Русија.

Покрај Иниеста, во Кобе настапува и Лукас Подолски кој е во јапонскиот клуб од минатата сезона.