24фудбал

Навивачите на Пирин сакаат нивниот тим да игра во македонска лига

Навивачите на бугарскиот клуб Пирин, незадоволни од фудбалската федерација во таа земја бараат нивниот тим да игра во македонската лига.

Македонија

Фановите на Пирин имаат интересно барање до Фудбалската федерација на Македонија кое не е возможно да им се исполни.

Соопштението на навивачите на ФК Пирин од Благоевград ви го пренесуваме во целост.

Мoлба до Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ)

Почитувани лидери на македонскиот фудбал, ние навивачите на ФК Пирин од Благоевград, најсилно ве молиме да го примите Пирин во вашиот фудбал пред да почне новата сезона. Не е важно во која лига. Во изминатите 20 години ФК Пирин намерно беше изложен на секакви реперкусии од Бугарскиот фудбалски сојуз. Пирин два пати беше исфрлан од бугарската прва лига во 2005 и 2011, а оваа сезона благодарение на „помошта“ од судиите беше понижен на најниско ниво. Морал, чест достоинство, борба и праведност се идеалите на Пирин и неговите навивачи олицетворени од нашиот голем херој Гоце Делчев, а тие беа погазени од Бугарскиот фудбалски сојуз. Официјално бараме од вас да го примите Пирин во Фудбалската федерација на Македонија“.