24фудбал

Столе Димитриевски мета на екипи од Примера!

Македонскиот репрезентативен голман од следната сезона би можел повторно да брани во Примера доколку се реализираат шпекулациите на шпанските медиуми.

Македонија

Одличните партии на Столе Димитриевски во дресот на Гимнастик во втората шпанска лига го привлекоа вниманието на посилните тимови.

Според медиумите во Шпанија, Бетис и Еспањол бараат решение за голманската позиција а него го гледаат во Столе Димитриевски.

„Радио Севиља“ е уверено дека македонскиот репрезентативен голман нема да продолжи во втората лига и следната сезона ќе застане на голот на некој од екипите во Примера.