24фудбал

Доколку Астон Вила влезе во Премиерлигата, Тери нема да игра на натпреварите против Челси

Искусниот дефанзивец би имал посебна клаузула во својот договор.

Англија

Во сабота се игра финалната битка од плејофот во Чемпионшиплигата каде силите ќе ги одмерат Астон Вила и Фулам, двете екипи влегоа во финалето откако претходно во полуфиналето беа подобри од Мидлзбро, односно Дерби.

37 годишниот дефанзивец Џон Тери има опција да го продолжи својот договор со Астон Вила на уште една година, па идната сезона повторно би можеле да го гледаме во Премиерлигата доколку неговиот тим избори промоција, но, има еден мошне интересен детал од неговиот договор.

На Островот најавуваат дека доколку дојде до такво нешто, во неговиот договор би имало посебна клаузула, бидејќи Тери не сака да игра натпревари против својот поранешен клуб Челси, тврди „Телеграф“.

Како за потсетување, Тери ги напушти редовите на Сините од Лондон по цели 17 години.