24фудбал

Рома го договори фудбалскиот „бисер“ од Ајакс?

Италијанската екипа би излегла како голем победник.

Италија

Веќе не е нешто непознато тоа што Рома има пријавено интерес за големиот холандски фудбалски талент  Џастин Клајверт, синот на прославениот Патрик, а се чини дека тимот од Рим веќе ја завршил работата околу неговиот потпис.

Наводно Мино Рајола, кој е агент на Клајверт и Рома веќе постигнале договор околу платата на фудбалерот, а информациите кои пристигнуваат велат дека Ајакс наводно бара 20 милиони евра обештетување за својот голем танет за кого постои голем интерес од повеќе европски гиганти, меѓу кои и Манчестер јунајтед.