24фудбал

Фулам го доби џекпотот наречен Премиерлига и 170 милиони фунти!

Фулам стигна до триумф од 0-1 на Вембли против Астон Вила и се враќа во елитата по пауза од четири години

Англија

Фулам е последниот патник од Чемпионшип во Премиерлигата, избраниците на Јокановиќ попладнево триумфираа на Вембли во финалето од плеј-офот против Астон Вила.

Голот на Крејни во првиот дел се покажа како одлучувачки. По една одлична акција, Англичанецот рутински пласираше по земја за 0-1 во 23. минута.

Астон Вила во вториот дел силно притисна за изедначување, во завршните дваесетина минути имаше и играч повеќе откако Одои заработи втор жолт картон и исклучување, но избраниците на Стив Брус не можеа да го најдат патот до мрежата на Бетинели.

Покрај тоа што по пауза од четири години тимот од Кревин Котиџ се враќа помеѓу елитата, ќе добие и убава парична награда. Се проценува дека Фулам ќе инкасира најмалку 170 милиони фунти во следните три сезони.