24фудбал

За разочарувањето да биде поголемо, Салах би можел да остане и без настап на Светското првенство!

Мохамед Салах не само што не можеше да му помогне на Ливерпул во финалето од Лигата на шампионите, Египјанецот би можел да го пропушти и мундијалот во Русија

Лига на Шампиони

Ливерпул нема по убаво да го памети Киев, „Црвените“ вечерва загубија во финалето од Лигата на шампионите по две неверојатни грешки на голманот Лорис Кариус. Клубот од Енфилд исто така еден час играше без својот најдобар играч, Мо Салах кој се повреди по еден дуел со Серхио Рамос.

Египјанецот не само што не можеше да му помогне на Ливерпул, сега би можел да остане и без настап на Светското првенство.

Мохамед Салах го повреди рамото откако незгодна падна на тревата и сега се чека рендген снимката која треба да го покаже точниот тип на повредата. Фудбалската федерација на Египет соопшти дека нивниот доктор е во постојана комуникација со колегите од Ливерпул, и по деталните тестови ќе се знае какви чекори ќе бидат превземени.

Дека се работи за незгодна повреда потврди и самиот Јирген Клоп: „Мо замина во болница на рендген снимка. Или се работи за клучната коска или пак за самото рамо. Повредата е лоша за Мо, лоша за нас и многу лоша за Египет“.