24фудбал

Не е само повредата на Салах, Рамос му удри лакт во глава на Кариус две минути пред првиот гол на Реал (ВИДЕО)

За фановите на Ливерпул, Серхио Рамос полека станува прав негативец во финалето од ЛШ откако се појави снимка на која се гледа како дефанзивецот му удри лакт во глава на Лорис Карис

Лига на Шампиони

Капитенот на Реал веќе го навлече гневот на „Црвените“ откако по дуелот кој го имаше со Мохамед Салах, Египјанецот лошо падна, го повреди рамото и мораше предвреме да го напушти теренот.

Серхио Рамос полека станува негативец во очите на навивачите на Ливерпул откако се појави снимка на која се гледа како му удира лакт во глава на Лорис Кариус на две минути пред првиот гол на „Кралевите“.

И покрај тоа што дефанзивците на Ливерпул ја расчистија топката и Рамос и Кариус беа далеку од случувањата, дефанзивецот стартуваше врз голманот на Ливерпул, па многумина се прашуваат дали Шпанецот намерно реагирал вака за да го извади од баланс чуварот на мрежата.