24фудбал

BET-IBC совети за обложување: Тулуз ја заверува и 15-та сезона во низа во Лиг 1

Тулуз е на чекор до обезбедување настап во елитата и следната сезона, домаќините со нова победа ќе сакаат да го потврдат опстанокот во Лиг 1

Останато

Дали барате место за да ставите облози на некој од подолу наведените натпревари? Или можеби на сите од нив? Сега имате можност за добитни облози во Азија со BET-IBC.

Тулуз – Ажаксио: Победа на домаќините

Тулуз е на еден чекор до обезбедување опстанок во најсилното првенство на Франција откако во првиот натпревар од баражот со Ажаксио славеше со 3-0 на гостувањето. Со головите на Градел, Жулиен и Саного, Тулуз во средата стигна до рутински триумф пред празни трибини откако имаше нереди на дуелот помеѓу Ажаксио и Ле Авр во плеј-офот од втората лига. И покрај големата предност, тренерот Дебев бара од неговите играчи да останат максимално фокусирани и да ја довршат работата пред своите фанови. Гостите ги чека невозможна мисија, покрај резултатската негатива имаат и проблем при составување на тимот. Најдобриот стрелец Жимбер е под знак прашалник откако предвреме го заврши првиот меч, исто како и голманот Лека. Кутадур доби седум меча суспензија за тоа што го турна судијата на мечот со Ле Авр. Па гостите од Корзика ќе треба да се помират со нова сезона во втората лига а Тулуз со нова победа се очекува да потврди уште една сезона во Лиг 1, која ќе биде 15-та во низа во најсилното првенство на Франција.

За да заштедите време, можете да се обложувате на повеќе сметки со регистрирање на најдобриот софтвер за обложување.

Австрија Виена – Салцбург: Повеќе од 2,5 погодока

Во Австрија се игра последното коло кое нема никакво резултатско значење. Старо-новиот шампион, РБ Салцбург гостува на Ернст Хапел Стадионот кај Австрија Виена. „Биковите“ имаа сосема солидна сезона, во која покрај титулата во домашното првенство беа и на чекор до финале во Лига Европа, но несреќно го загубија двомечот со Марсеј во полуфиналето. Можеби мал кикс им е тоа што не го подигнаа трофејот од Купот на Австрија. На последните неколку натпревар тренерот Марко Росе прави чести измени во својот состав и шанса дава на помладите играчи кои треба да бидат иднината на клубот. Но и покрај тоа Салцбург реди победи и има серија од шест победи во низа во домашното првенство. Што се однесува до домаќините, Австрија Виена има разочарувачка сезона, и откако шест кола не знаат за победа паднаа на 7-та позиција на табелата. Па за нив целта е што подостојно да се простат од своите фанови и да избегнат нов дебакл со оглд на тоа дека на претходниот дуел со Салцбург загубија со убедливи 5-0. Со оглед на тоа дека натпреварот нема резултатско значење и атмосферата ќе биде прилично релаксирачка, за очекување е да има доста погодоци.

Генк – Зулте Варегем: Победа на домаќините

Средбата на Луминус Арена која ќе започне во 18 часот ќе биде последна оваа сезона од првенството на Белгија. Генк и Зулте Варегем ќе се борат петтиот и последен билет за излез во Европа, односно второто коло од квалификациите во Лига Европа. Избраниците на Клемен се големи фаворити, покрај тоа што ќе ја имаат предноста на домашен терен, сосема солидни беа во плеј-офот каде освоија 16 од 30 поени (само Стандард со 21 поен имаше подобар учиниок). Сепак, Генк ќе треба да внимава бидејќи Зулте Варегем е тим кој никогаш не се откажува. Гостите во својата група од вториот плејоф завршија со скоро од 9 победи и 1 реми. Промел може да биде заморот со оглед на тоа што Зулте Варегем одигра 120 минути во баражот против Локерен, кој го доби по изведувањето на пенали. Генк ги доби двете пресметки со Зулте Варегем оваа сезона, пред своите фанови славеше со 3-1. Исто така Генк во четири наврати го зовлада Зулте во последните пет пресметки па за очекување е и вечерва да стигнат до триумф.

Допрете го врвот и обложувајте се без лимит и со облози на високи суми во Азија.