24фудбал

Познато е колку ќе паузира Салах, Египјанецот испрати порака на социјалните мрежи

Мохамед Салах ќе биде во трка со времето за да ја санира повредата заработена синоќа во финалето од Лигата на шамипоните, Египјанецот ќе паузира три недели

СП 2018

Фудбалерот на Ливерпул вчера по половина час игра со солзи во очите го напушти теренот на Олимпискиот стадион во Киев откако лошо падна по еден дуел со Серхио Рамос.

Египјанецот го повреди рамото, па под знак прашалник беше ставен неговиот настап на Светското првенство.

Откако вчера беа извршени серија тестови, денеска Мохамед Салах направил нови снимки и според неколку извори, играчот го чека пауза од три недели. Па тој ќе настапи на мундијалот и останува само да се види дали ќе биде фит за првиот меч на Египет против Уругвај на 15. јуни.

Самиот играч вечерва исто така се огласи на социјалните мрежи и изрази надеж дека ќе патува за Русија.

„Ова беше многу тешка вечер, но јас сум борец. И покрај тоа што шансите не се на моја страна, убеден сум дека ќе бидам во Русија и сите ќе ве направам горди. Вашата љубов и поддршка ми ја даваат потребната сила – гласеше неговиот пост.