24фудбал

Осум фудбалери на Реал Мадрид во тимот на сезоната од Лигата на шампионите

Неприкосновениот мадридски Реал брои осум фудбалери од своите редови во тимот на сезоната.

Лига на Шампиони

Заврши овосезонската Лига на шампиони а на крајот ништо ново, повторно победничкиот пехар го кренаа фудбалерите на Реал Мадрид, кои оваа сезона во финалето го совладаа Ливерпул со 3-1.

Веќе е познат и најдобриот тим на сезоната во елитното европско клупско првенство, а во истиот тим се најдоа дури осуммина фудбалери на Кралевите, меѓу кои Навас, Рамос, Варан, Марсело, Касемиро, Крос, Модриќ, како и Роналдо.

Од останатите фудбалери кои се најдоа во тимот на сезоната се уште и Ван Дијк, Кимих, Кјелини, Родригез, Де Брујне, Фирмино, Салах, Џеко и Меси.