24фудбал

Цела Англија зборува за трансфер на Бејл во Манчестер јунајтед, позната е цената на Велшанецот (ФОТО)

Речисии сите весници од „Островото“ имаат сторија за можен трансфер на Герет Бејл на Олд Трафорд, се шпекулира дека Реал Мадрид веќе ја одредил цената и бара 200 милиони фунти

Англија

По финалето од Лигата на шампионите во кое Герет Бејл блесна откако влезе од клупата за резерви, Велшанецот истакна дека ќе има средба со својот агент и ќе одлучи што е најдобро за неговата кариера.

Герет Бејл не е задоволен од минутажата на Сантијаго Бернабеу, сака на секој меч да биде стартер па е подготвен да замине од Реал бидејќи Зинедин Зидан не му го овозможува ова.

Па играчот е топ тема на медиумите од Англија и речиси сите весници од „Островото“ пишуваат за негов можен трансфер во редовите на Манчестер јунајтед.

Се шпекулира дека позната е и цената, Герет Бејл ќе чини 200 милиони фунти, и доколку се реализира еден ваков трансфер, Велшанецот ќе биде најскап фудбалер во историјата.