24фудбал

Рамос го опоменал Роналдо: Не е добро тоа што го направи, избра лош момент...

Според пишувањата на Марка, капитенот Серхио Рамос реагирал веднаш по изјавата на Кристијано Роналдо за можно заминување и го опоменал дека ова не е начин на кој треба да се однесува

Шпанија

Роналдо ги изненади сите, па дури и своите соиграчи, со изјавата по последниот свиреж во финалето од Лигата на шампионите и најавата за можно напуштање на Сантијаго Бернабеу.

Марка пренесува дека Серхио Рамос реагирал веднаш и откако тимот се повлекол до соблекувалната, дефанзивецот му пришол на ЦР7 да го опомене дека ова не е начин на кој треба да се однесува.

„Не е добро тоа што го направи, избра лош момент да кажеш нешто такво. Почекај, не инсистирај. Мораш да направиш чекор наназад и ние ќе ти помогнеме. Сите сме со тебе, но и ти самиот мораш да ни помогнеш“ - гласела пораката на капитенот до првата ѕвезда на тимот.