24фудбал

Агентот на Левандовски: Тој чувствува потреба за промена и нов предизвик во кариерата

Полскиот напаѓач се поизвесно е дека ќе ги напушти Баварците, а за него интерес имаат пријавено ПСЖ, Челси и Манчестер јунајтед, а од поодамна се шпекулира дека и Реал Мадрид е во редот.

Германија

Подолг период се шпекулира за иднината на 29 годишниот напаѓач на минхенски Баерн, Роберт Левандовски, тој често беше поврзуван со трансфер во Реал Мадрид, но постои голем интерес за неговиот потпис, па Полскиот напаѓач ќе има можност убаво да ги проследи понудите до негова адреса.

Пини Захави, агентот на Левандовски веќе ги известил челниците на германскиот шампион дека неговиот фудбалер сака промена и нов предизвик во кариерата.

Роберт чувствува дека му е потребна промена и нов предизвик во неговата кариера. Челниците на Баерн Минхен се запознаени со тоа“ рече Захави во изјава за „Билд“.