24фудбал

Нејмар: Мојот татко не носи одлуки за мојата кариера, јас го правам тоа!

Бразилецот негира дека е само послушник на својот татко.

Франција

Нејмар во изминатиов период често се поврзува со спектакуларен трансфер во Реал Мадрид, и покрај тоа што помина само една сезона во дресот на ПСЖ, за неговиот татко се шпекулира дека е човекот кој ги носи главните одлуки околу неговата кариера, сепак, Нејмар негира, од него добива само совети.

Мојот татко не ги носи одлуките за мојата кариера, јас сум тој кој ги носи тие одлуки. Од него ги добивам најдобрите совети во животот, за што и да прашам, но, на крајот, одлуката е моја“ издвои Бразилецот.

Нејмар постигна 28 погодоци во својата прва сезона во ПСЖ а воедно и забележа 18 асистенции, сепак, се здоби со повреда при што немаше можност да ја одигра сезоната докрај.

Како и да е, ѕвездата на ПСЖ се најде во составот на Бразил за Светското првенство во Русија кое се одржува идниот месец, а неговата селекција е во конкуренцијата „Е“, заедно со Швајцарија, Костарика и Србија.