24фудбал

Ковач прави чистка во Баерн, шкртна четири фудбалери вредни 150 милиони евра

Според пишувањата на медиумите од Германија, Нико Ковач летово ќе направи чистка на Алианц Арена и ќе се бараат купци за четворица играчи вредни околу 150 милиони евра

Германија

Баерн Минхен ќе направи реконстукција на тимот по доаѓањето на Нико Ковач. Денешното издание на Билд вели дека Хрватот дал зелено светло за разделба со четворица играчи.

Артуро Видал, Тиаго Алкантара, Хуан Бернат и Жером Боатенг можат да заминат од Алианц Арена.

Најитна е работата со Чилеанецот, кој е во последната година од договорот, додека најголеми шанси за останување има Жером Боатенг, со кого Нико Ковач ќе има средба по крајот на Светското првенство.

Се говори дека од продажбата на овие четворица играчи, Баерн Минхен би можел да инкасира околу 150 милиони евра.