24фудбал

Јаја Туре си го отвори срцето и брутално распали по Гвардиола како никој досега

Јаја Туре кој беше во немилост на Пеп минатата сезона јавно кажа што мисли за стратегот на Манчестер Сити, тоа нема да им се допадне на фановите на Гвардиола.

Англија

Јаја Туре силно распали по Пеп Гвардиола, и јавно кажа дека сака со оваа изјава да го сруши митот за стратегот со кој работеше и во Барселона.

„Пеп сака да доминира и сака да има фудбалери кои ќе му лижат од рацете. Јас не сакам таков вид на врска. Го почитувам мојот тренер, но не на таков начин“, вели Туре за „Франс фудбал“

„Како и сите фудбалери сум се препирал со моите тренери. Но во одредена точка, мажите кои имаат недоразбирања се помируваат. Тоа е невозможно со Пеп кој е многу ригиден. Другите играчи не би го кажале ова јавно но некои веќе ми рекле дека го мразат. Затоа што тој манипулира и си игра многу со вашата глава“.

„Кога дојде во Сити ми рече дека сум му потребен да ги учам младите. Иако имав опции да заминам, си помислив дека би можел да влезам во легендите на Сити. Истата работа се случи и минатото лето кога ми рече да останам. Можеби се плашеше да не ја загуби контролата на соблеувалната ако заминам бидејќи знаеше што претставувам јас за групата. Но откако заврши преодениот рок видов дека ме избришал од тимот“.

„Тој беше суров со мене. Мислите ли дека би можел да биде таков со Андрес Иниеста? Дојдов до момент кога се запрашав дали е тоа поради бојата на мојата кожа. Не сум прв кој го направил тоа и други играчи на Барса се запрашале исто така“.

„Можеби ние Африканците не сме секогаш третирани исто како и другите луѓе. Може да видите дека Пеп често имаше проблеми со африканските фудбалери, насекаде каде што беше. Тој е премногу интелегентен за да биде фатен. Никогаш нема да признае дека не сака африкански играчи, но денот кога ќе избере тим со пет Африканци во него, ветувам дека ќе му пратам торта“.

Иако претходно беше многу значаен дел од тимот на Сити, Туре чекаше до последното коло до мечот против Брајтон за прв пат да биде стартер во Премиерлигата идната сезона. Одигра вкупно 228 минути. Беше изоставен и од тимот во Лига куп финалето против Арсенал и покрај тоа што играше на четири мечеви од ова натпреварување.

„Мислам дека се справував со некој кој сакаше да ми се одмазди. Не знам зошто но ми личеше како да е љубоморен на мене и во мене гледаше ривал. Секогаш се гледавме чудно. Беше околу мене без да каже ништо, ме гледаше, ќе ме измеркаше, но не зборуваше со мене. Тој знае дека јас зборувам каталонски, шпански и англиски, а тоа е доволно за да комуницираме двајцата. Но, очигледно не. Секогаш кога ќе се одминевме тој изгледаше засрамено. Како да сум му направил нешто. Тој знаеше дека јас го знам совршено добро“.

„Како некој кој е горд, сака да успее со своите играчи, со оние кој тој ги избрал, а не оние кои ги избрале другите. Ова е негов проект. И тешко на тој кој не припаѓа во тие играчи“.

„Всушност, сакам да бидам еден од оние кои малку ќе го срушат митот за Гвардиола. Барселона, тој таму не измисли ништо. Едноставно имаше интелегенција да го прилагоди тоа што го постави Крој. Потоа истото се обиде да го пренесе во Баерн и Сити, да работи со свои играчи и со неограничени средства. Тоа не би го имал во Кристал Палас или Ватфорд“.

„За мене Зидан е поголем бидејќи има помалку барања и покажува голема почит кон сите негови играчи. Пеп е тој што сака да биде сметан за гениј. Тој го сака тоа. Но зад сето ова има многу комедија. Кога ќе го видам како си ја чеша главата со цел да покаже дека размислува нешто, ме тера да се смеам. Тоа е комедија“.

За да го одбележи неговото заминување минатиот месец, претседателот на клубот, Калдон ал Мубарак го именуваше еден од главните тренинг терени по Јаја Туре. Пред стадионот стои и споменик од играчот како се радува на победничкиот гол против Стоук во финалето од ФА Купот во 2011 година. Но Туре вели дека иако освоил седум трофеи и дека е важен дел од Сити, неговите сеќавања ќе бидат нарушени од околностите на неговото заминување.

„Пеп беше лицемер што ме пофали, но му дозволив да го направи тоа. Би сакал да си заминев без церемонија со високо подигната глава. Имав впечаток дека Пеп без познавање или почит направи се за да ми ја расипе минатата сезона. Боли кога ќе поминете осум години во клубот. Тој ми го украде моето збогување со Сити, со клубот каде фановите се прекрасни. Сакав да си заминам со емоции за клубот какви што имаа Иниеста или Буфон. Но Пеп ме спречи. Најлошиот дел беше што бев среќен да си заминам од клубот што го сакав толку многу. Бев фрустриран, се чувствував запоставено и затоа не можев да пролеам солза кога се збогував со навивачите“.

Туре има преку 300 настапи за Манчестер Сити, постигна 79 голови во сите натпреварувања откако пристигна во клубот од Барселона во 2010 година. Му помогна на тимот да дојде до три лига титула, два лига купа, ФА Куп и Комјунити Шилд.