24фудбал

Се посрамоти за сите пари, од два метри го промаши празниот гол на Србија! (ВИДЕО)

Чилеанецот кој беше играч и на Динамо Загреб, Анџело Енрикез имаше неверојатно промашување на мечот против Србија.

Видео

Анџело Енрикез е играчот кој беше пикиран од Алекс Фергусон и донесен на Олд Трафорд во 2012, но никогаш не заигра во првиот тим на Манчестер јунајтед. Од 2014 до 2017 го носеше дресот на Динамо Загреб, а денеска се прослави со едно големо промашување.

На пријателскиот натпревар против Србија, Енрикез промаши празен гол од два метри од позиција од која беше потешко да не се погоди мрежата на противникот.


Сепак на крајот славеше Чиле со 1-0 со гол постигнат во самиот финиш на мечот.