24фудбал

Игуаин би можел да се пресели во Франција?

Франција е опција за искусниот аргентински напаѓач, извесно е неговото заминување летово од Торино.

Франција

Калчомеркато пренесе дека Монако направил голем чекор за да дојде до потписот на Гонзало Игуаин ова лето, како замена за Радамел Фалкао.

31 годишниот аргентински напаѓач се поизвесно е дека летово ќе ги напушти редовите на Старата Дама, а токму Монако е во блага предност за него.

Според информациите, се наведува дека Јувентус ќе ги земе во предвид понудите во висина од 60 милиони евра за Аргенетинецот, а се разгледува и опцијата за онаа понуда до Интер за Икарди, во која влегува и самиот Игуаин.

Монако во искусниот 31 годишен напаѓач гледа идеална замена за Фалкао за кого се шпекулира дека летово ќе си замине од францускиот прволигаш.