24фудбал

Рамос проговори за повредата на Салах: Фали уште да ме обвинат дека Фирмино сум го настинал со капка од мојата пот!

Серхио Рамос одговори на критиките дека намерно го повредил Мохамед Салах, дефанзивецот на Реал Мадрид негира дека тој е виновникот.

Лига на Шампиони

Мохамед Салах се повреди по еден дуел со Серхио Рамос и рано го заврши финалето од Лигата на шампионите. Многумина прстот го вперија во шпанскиот дефанзивец, а тој дури сега проговори.

„Проклетство, на овој момент со Салах му продаваат големо значење. Не сакав да зборувам бидејќи се се преувеличува“, вели Рамос за „АС“.

„Се сеќавам на моментот, тој прв ми ја грабна раката и јас паднав на другата страна, повредата се случи на другата рака а тие велат дека сум му направил чудо потег. Потоа голманот рече дека сум го зашеметил со удар“.

„Зборував со Салах преку пораки, тој е прилично добро. Можеше да игра во второто полувреме со инекција, сум го правел јас тоа понекогаш, но кога Рамос ќе направи нешто вакво, секогаш мора да се преувеличува“.

„Не знам зошто е тоа така, можеби бидејќи сум долго во Мадрид и долго победувам па луѓето ме гледаат на поинаков начин“.

„Недостасува уште некој да каже дека Фирмино добил настинка бидејќи капка од мојата пот паднала на него“.