24фудбал

Де Брујне за коментарите на Туре за Гвардиола: Како може тој да е расист, а да имаме толку црномурести фудбалери во тимот?

Белгиецот со свој став во однос на нападите на Туре кон Гвардиола.

Англија

Фудбалерот од Брегот на Слоновата Коска, Јаја Туре го обвини Пеп Гвардиола, шефот на стручниот штаб на Манчестер Сити за расизам.

Туре порача дека Гвардиола намерно сакал да му ја уништи последната сезона во Сити, дека наводно бил љубоморен на него, како и дека некои фудбалери рекле дека ја мразат Каталонија.

Сепак, Кевин Де Брујн, првата ѕвезда на Граѓаните одговарајќи на коментарите на Туре, истакна дека никогаш не видел нешто слично на неговите зборови во тимот.

Никогаш не сум видел нешто слично на тоа. Би било чудно да тренерот е расист, бидејќи во нашиот тим има многу црномурести фудбалери. Навистина не знам за што зборува Туре. Можеби неговите зборови биле погрешно разбрани или на некоректен начин пренесени. Кога не играте, секогаш се обидувате да пронајдете изговор“ рече Кевин Де Брујн.