24фудбал

Левандовски ќе си замине од Баерн, но само под еден услов

Има опција полскиот напаѓач да дојде до нов предизвик во неговата кариера, но за тоа постои и услов од Баерн Минхен.

Германија

Роберт Левандовски има важечки договор со Баерн Минхен до 2021. година, но тој неодамна побара да биде ставен на трансфер листата.

Дека полскиот напаѓач сака да си замине потврди и неговиот агент кој издвои дека неговиот клиент сака нов предизвик во кариерата.

Билд пишува дека без оглед на тоа што има повеќе гиганти заинтересирани за потписот на Левандовски, главен фаворит за него е Реал Мадрид, но, тој би си заминал од Минхен само за сума која не е помала од 200 милиони евра, пренесе германскиот медиум.